Ноќеска, сабота 28 март, кон недела 29 март, започнува летното сметање на времето, па стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред. Така, во 02:00 часот стрелките ќе се поместат на 03:00 часот, и од утре, недела ќе започне летното сметање на времето. Двапати годишно, во последната недела од март и октомври, часовниците се менуваат за еден час и луѓето добиваат или губат по еден час дополнителен сон.
Од следната година во земјите од Европската унија треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот. Предлогот беше одобрен од Европскиот парламент, а секоја земја членка на Унијата може да избира дали да остане во летното сметање или во зимското сметање на времето. Така, оние кои планираат засекогаш да останат во летното сметање на времето последен пат треба да направат поместување на часовникот во последната недела на март, 2021 година. Оние држави пак кои го преферираат зимското сметање на времето, ова ќе го сторат во последната недела на октомври, 2021 година.