среда, декември 18, 2024
домаЕКОНОМИЈАОд полноќ пониски цени на бензините и дизелот

Од полноќ пониски цени на бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, намалени цени, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Цената на бензинот БС-95 се намалува за половина денар за литар, на БС-98 за два денари за литар, а цената на дизелот ќе биде пониска за еден денар за литар.

Со новата одлука бензинот БС-95 ќе се продава за 74 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 76,50 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 68,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 67,50 денари за литар.

Се намалува и цената на мазутот за 0,306 денари за килограм и од полноќ ќе се продава за 43,507 денари за килограм.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ