Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ малопродажната цена на горивата повторно се менува. Бензините ќе имаат пониска цена за 1,5 денари по литар, а дизелот ќе поскапи за половина денар по литар со што цената на дизелот е изедначена со онаа на ЕУРОСУПЕР БС-95.
Новите цени на горивата од полноќ се следните:
ЕУРОСУПЕР БС–95 110,00 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС–98 112,00 ден/лит.
ЕУРОДИЗЕЛ 110,00 ден/лит.