недела, декември 22, 2024
домаОд полноќ пониски цени на горивата

Од полноќ пониски цени на горивата

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од полноќ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Така малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 2,00 денара/л, на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 1,00 денар/л, а на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 1,50 денар/л. Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, а малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,362 денари/кг и сега ќе изнесува 41,075 денар/кг.

Со овие измени од 3 мај од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати се следните: моторен бензин „евросупер БС-95“ – 80,00 денари/литар, моторен бензин „евросупер БС-98“ – 82,00 денара/литар, дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 69,00 денари/литар, масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 68,00 денари/литар, „мазут М-1 НС“ – 41,075 денар/килограм.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ