Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која ќе има намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Со новата одлука малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит. Само малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,688 ден/кг и сега ќе изнесува 44,748 ден/кг.
Така од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)
-Мазут М-1 НС 44,748 (денари/килограм)