Од полноќ поскапуваат бензините од 1,5 до 2,5 денари, соопшти денес Регулаторната комисија за енергетика.
Така, од полноќ цената на Еуросупер БС-95 ќе биде повисока за 1,5 денари за литар и ќе чини 82,5 денари за литар.
Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, поскапуваат 2 денари, а за 2,5 денари ќе биде повисока цената на дизелот. Со тоа новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 85 денари за литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство 75 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 76,50 денари за литар.