По повод денот на белиот стап “Лајонс клубовите” од Скопје направија повторно во акција, како и секоја година изминативе 23 години. Оваа година се дружеа со децата од домот за деца со оштетен вид СОУ “Димитар Влахов” на прошетка, дружење, храна и сокови во зоолошката градина каде им беше овозможен бесплатен пристап и користење на сите активности во зоолошката.
А за денот на борба против гладот Лајнс Клуб Скопје и претседателката Васиа Трпеновска организираа посета на Дневниот центар за деца од улица во Шутка. Беа поделени пакети со храна и сокови и дружење и песни со децата. Клубот, речиси секоја недела организира одредени настани, а во подготовка е поголем настан од хуманитарен карактер.
Одбележан денот на белиот стап, со хуманитарни дружења
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!