сабота, јули 27, 2024
домаКујнаОдложен 19-тиот ОФФест

Одложен 19-тиот ОФФест

Поради состојбата со пандемијата на коронавирусот донесена е одлука да се одложи 19-тото издание на фестивалот на музика од светот “ОФФест”, соопшти организаторот “Скопски џез фестивал”.

-Сега е веќе јасно дека “OFFest 2020”, закажан за 2-6 јуни, мора да биде одложен за наесен. Пред само еден месец, со веќе објавената, амбициозна програма, бевме оптимисти дека постои шанса за негово одржување. Меѓутоа настаните околу корона вирусот молскавично се развиваа, налагајќи ја потребата од итни чекори за запирање на ширењето на пандемијата. Оттаму, принудени сме да го поместиме планираниот термин. Ова се тешки времиња. Нашиот приоритет е здравјето на сите. Да направиме сè што е во наша моќ да си помогнеме едни на други, да се потрудиме да го направиме овој свет подобар. Следете нè, за новите датуми на фестивалот благовремено ќе ве информираме – соопшти организаторот. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ