Најдобрата тенисерка во светот, Ига Швјонтек, беше поразена во полуфиналето на Олимписките игри!
Полјачката беше поразена од Кинеската тенисерка Ќинвен Џенг, и тоа со резултат 6:2, 7:5. Ова е првиот пораз на Швјонтек на париската шљака по долг период од дури три години.
Кинеската тенисерка ќе се бори за злато против победничката од дуелот помеѓу Словакињата Ана Каролина Шмиедлова и Хрватката Дона Векиќ.
Ф.С.
