четврток, јануари 16, 2025
домаНасловнаОливер Спасовски: Нулта толеранција за мигрантите

Оливер Спасовски: Нулта толеранција за мигрантите

Во случај на наплив на мигранти, Македонија целосно ќе ја затвори границата за мигрантите. Откако вчера Вучиќ најави дека херметички ќе ја затвори границата со нашата држава доколку мигрантите се обидат да ја користат познатата балканска тура, премиерот Оливер Спасовски рече дека ќе има нула толеранција за мигрантите и нема да дозволи какво било нелегално влегување на државната територија, ни за транзит, а уште помалку да се засолнат тука.

Минситерот за внатрешни работи, Наќе Чулев речи дека во моментов на јужната граница ситуацијата е стабилна и дека сега патролираат 130 меѓународни полициски припадници на Фронтекс, дека се реновирани оградите од бодликава жица, како и патиштата за брзо полициско движење на теренот.

Од Владата беше кажано дека планот на нашата држава да го запре приливот на мигранти се заснова врз две основи. Прво, координација со земјите од ЕУ според нивната политика за управување со мигрантската криза, како и соработка со земјите од регионот, кои имаат ист проблем со илегалните имигранти.

Владата соопшти дека е невозможно да се запре целиот бран од само една држава.
Според европските власти, доколку има нов бран мигранти, границите на ЕУ ќе бидат блиндирани, а мигрантите ќе останат низ Западен Балкан.

А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ