четврток, април 25, 2024
домаОмаж „По стапките на… проф. д-р sci Томе Манчев“ во Кинотека

Омаж „По стапките на… проф. д-р sci Томе Манчев“ во Кинотека

В среда, 27 април во Кинотека од 20 часот ќе се одржи настанот „По стапките на… проф. д-р sci Томе Манчев“ кој претставува своевиден омаж на ликот, делото и значењето на неодамна починатиот, исклучителен македонски композитор Томе Манчев. Влезот е слободен.

Негово мото беше да се создаде високо квалитетно и уметничко дело со моќна експресија, високо ниво на психо-енергија, совршено композициско-техничко обликување, но и дело што ќе успее да го “предаде” како граѓанин на Македонија. Всушност, дејноста преку која овој композитор ќе остане особено запаметен е неговата педагогија на сите степени на образование – од средно образование до докторски студии. Омажот е симболично навраќање конципирано преку делата на неговите студенти по композиција. Составен е од композициски начела на сега веќе реномирани творци, поранешни студенти по композиција, дела создадени под менторство на проф. д-р sci Томе Манчев.

Омажот “По стапките на…” е посветен на проф. д-р sci Томе Манчев од неговите докторанти, поширокото семејство и почитувачи на неговата музика и дејност.

Музички композиции:

Валентина Велковска – Трајановска – Исон – Симфониска Поема

Горан Начевски – 7 Звуци на Осаменост – 7 Афоризми за Пијано

Михајло Штерјев – Allusioni Marini

Вулнет Таири – Симфонија бр. 15

Борис Светиев – Concert Etudes for Piano and Symphonic Orchestra

Микс: Martchin

Мастеринг и снимање: Музичко Продуцентско Студио “Алшар” – Скопје

Визуелизации: Петар Џон

Колор Корекција: Илија Павлов

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ