недела, декември 22, 2024
домаНасловнаОН: 10.000 деца се убиени или осакатени во конфликти низ светот

ОН: 10.000 деца се убиени или осакатени во конфликти низ светот

Повеќе од 10.000 деца се убиени или осакатени во вооружени конфликти низ светот во текот на минатата година, се вели во новиот извештај на Обединетите нации (ОН).

Повеќе од 21.000 случаи на кршење на правата на децата се забележани во 2017 година, што е многу повеќе од претходната година, а меѓу овие случаи постојат деца кои биле жртви на силување, но и деца кои се принудени да бидат борци или вршеле напади врз училишта и болници, се наведува во годишниот извештај „Децата и вооружените конфликти“ (Children and Armed Conflict).

Во судирите во Јемен се убиени или ранети повеќе од 1.300 деца, а ОН за најмалку половина од овие жртви ја обвини арапската коалиција која со поддршка на САД се бори во таа земја.

Овие деца, како што е наведено, биле жртви на воздушните и копнените напади во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати на бунтовниците Хути кои се противат на меѓународно признатата влада во Јемен, објави АП.

Меѓу жртвите, кои се опфатени во извештајот на ОН се и децата-војници на возраст од само 11 години, кои се борат во граѓанската војна во Јемен и други земји.

Портпаролката на ОН, Вирџинија Гамба рече дека овие деца ги заслужуваат истите права како и секое друго дете и да имаат шанса да закрепнат.

Во извештајот се наведува дека 10.000 од вкупно 21.000 случаи на кршење на правата на децата се однесува на убиства или осакатување на деца, најмногу во Ирак, Мјанмар, Централна Африканска Република, Конго, Јужен Судан, Сирија и Јемен.

ОН наведува, меѓу другото, дека најмалку 1.036 деца се држени во притвор во Ирак под обвинение за закана по националната безбедност, главно за наводни врски со екстремистичката организација Исламска држава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ