среда, декември 25, 2024
домаКујнаОнлајн издание на фестивалот „Сонот на облачето“ од 24 до 26 декември

Онлајн издание на фестивалот „Сонот на облачето“ од 24 до 26 декември

Онлајн издание на фестивалот „Сонот на облачето“ од 24 до 26 декември

Театарската трупа „Сенки и облаци“ ќе го одржи осмото издание на Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки СОНОТ НА ОБЛАЧЕТО, овојпат во онлајн формат.

Програмата ќе се одвива онлајн, преку Фејсбук, на 24, 25 и 26 декември.

СОНОТ НА ОБЛАЧЕТО е единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион, кој веќе осма година, и во услови на пандемија, успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки.

Фестивалот е една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика, а оваа година нема да биде исклучок.

Покрај организаторите од трупата „Сенки и облаци“ во богатата програма со изведби, работилници и дебата, ќе им се придружат и колегите Hayali Balaban, Moscow Shadow Play Theatre, Shadow & Puppet Theater – Ginat, Mottili Theatre, Alaluz Shadow Puppet Theater, Fictionville Studio, Luz, micro y punto и Unterwasser.

Заинтересираните ќе може да ги следат содржините онлајн на Фејсбук страната на СОНОТ НА ОБЛАЧЕТО, за да добиваат навремени известувања од организаторите.

Театарџиите ќе дискутираат во онлајн дебатата насловена „Сенки во време на пандемија” а најмалите ќе уживаат во изведбите на домаќините и гостите, како и забавната работилница насловена „Сенки без маски“ закажана за последниот фестивалски ден, во сабота.

Театар СЕНКИ И ОБЛАЦИ постои од 2005 година и играта со сенки и светла е единствениот театарски израз кои тие го негуваат. Во својот репертоар имаат сосема различни претстави кои тематски видливо се разликуваат една од друга, но нишката која ги врзува е уникатната естетика и едноставниот, на моменти наивен израз, кој му дава посебен шарм на пренесувањето на приказните. Тие нудат поинакво уживање, ја воведувааат својата публика во еден нов свет кој дотогаш е за нив непознат и со магиска моќ ја водат до самиот крај. Нивниот театар во Дебар маало трпеливо ја очекува својата публика по завршувањето на пандемијата, а дотогаш дел од активностите се селат на отворено и онлајн.

Фестивалот СОНОТ НА ОБЛАЧЕТО е во организација на Театар СЕНКИ И ОБЛАЦИ, и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Асоцијација за развој на нови опции АРНО.                            В.Ѓ.Парго

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ