сабота, јули 27, 2024
домаКујнаОпасна болест се шири низ Индија, а нема вакцина

Опасна болест се шири низ Индија, а нема вакцина

Најмалку пет лица починаа во јужниот дел на Индија од засега малку познатиот вирус Нипах, додека околу 100 луѓе се ставени во карантин, соопштија денес локалните власти во Индија.

„Можеме да ја потврдиме смртта на пет лица од вирусот Нипах, додека 94 лица кои биле во контакт со починатите се во карантин“, наведуваат санитарните власти во Керала, на југот на Индија.

Девет лица се хоспитализирани поради симптоми кои личат на инфекција со овој вирус.

Вирусот Нипах, кој е распространет во Јужна и Југоисточна Азија, се пренесува од лилјаци и може да биде смртоносен во 70 проценти од случаите. Вирусот првпат беше идентификуван во 1998 година во Малезија во областа Нипах.

Светската здравствена организација претходно соопшти дека вирусот се пренесува од животни, но и од луѓе. Симптомите вклучуваат треска, главоболка и поспаност придружена со дезориентација и ментална конфузија. Вирусот може да предизвика кома и силно воспаление на мозокот ако не се третира на време.

Засега нема вакцина против овој вирус.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ