среда, декември 4, 2024
домаЖивотОтповикани од продажба небезбедени кинески „златни пластични вилушки“

Отповикани од продажба небезбедени кинески „златни пластични вилушки“

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите за отповикување на небезбеден производ „златни пластични вилушки“ произведени во Кина, со лот бр. AZ-161224.
Како што пренесува „Среќни потрошувачи, задоволителни производители“, информацијата за небезбедниот производ е добиена преку системот РАСФФ на ЕУ. Производот е ставен во промет во сите маркети од страна на „Верополус ДООЕЛ“ од Скопје со седиште на Ул. „Кочо Рацин“, бб.
Производот е небезбеден заради наод на високо ниво на вкупна миграција.
Веднаш по добиеното известување, надлежен Државен инспектор за храна изврши вонредна инспекциска контрола кај увозникот и согласно презентираната документација за следливост констатирано е дека производот не е најден во промет.
Сите потрошувачи кои што го купиле небезбедниот производ може да го вратат на местото каде што го купиле.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ