недела, ноември 24, 2024
домаЖивотОтстранете ги прстените пред да ги миете рацете, особено во времето на...

Отстранете ги прстените пред да ги миете рацете, особено во времето на корона

Го знаете тоа чувство кога прстите почнуваат да ве чешаат на коренот на вашата рака и кога кожата почнува да се суши и се создава првут? Па, тоа е знак дека грешите во  еден дневен ритуал

Дали некогаш сте ги миеле рацете толку многу во вашиот живот, како за време на оваа пандемија на коронарен вирус? Секако не, и секако со месеци, а особено сега во текот на зимата, имате голем проблем со сувата и испукана кожа. Значи, покрај многу совети за нега на кожата, додадете го овој на списокот за да ги зачувате вашите раце.

Извадете го накитот, а потоа вклучете ја славината
Постојат безброј причини зошто вашите раце може да изгледаат како да имаат многу дамки на себе, а исто така и зошто чувствувате чешање. Премногу груби средства за дезинфекција на рацете, прескокнување на хидратантни креми, „чистење“ на рацете со топла вода… и сега има друга причина. Накит. Значи, пред да ја вклучите чешмата, извадете ги прстените од рацете!

Водата е главниот иритант
Веќе имате навика да го отстранувате накитот пред миење за случајно да не ја оштетите нежната кожа на лицето со метален прстен. Истото треба да го практикувате и при миење на рацете. Бидејќи, луѓето кои имаат проблем со егзема, не отстранувањето на прстенот може само дополнително да го интензивира чешањето на кожата. Постојат видови на егзема кои се претвораат во многу иритирачки осип и се појавуваат на кожата кога рацете (или нозете) се премногу изложени на вода. Иако другите алергени сигурно можат да предизвикаат реакција, дерматолозите потсетуваат дека „водата е главниот иритирачки фактор“. Затоа, се препорачува после секое миење, да ја исушите кожата на раката добро, но многу добро со крпа, на фен или природно, за да бидете сигурни дека по миењето водата не останува на кожата на раката и нема да предизвика иритација.

Чешање и лупење на прстите
Не заборавјте дека кога носите прстени, водата може да заостане под металот (што се чини дека е друга иритирачка состојка, според Националните здруженија за егземи), може да остане во шуплините на прстенот и да ја влоши реакцијата на кожата. Значи, ако прстите ве чешаат, а кожата започнува да се суши екстремно брзо и првут (особено под прстените), извадете го накитот, добро исушете ја кожата откако ќе ги измиете рацете и веднаш добро „нахранете ја“ со богата хидратантна крема.  А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ