До сега веројатно сте дознале дека од храната подготвена во микробранова печка нема да добиете рак, вашата храна нема да биде полна со отровни честички ниту хранливите материи од храната ќе исчезнат.
Подготовката на храна во микробранова печка е сосема безбедна, барем во поголемиот дел од времето. Сепак, постојат работи што дефинитивно треба да се држат настрана од микробранова, ако сакате да избегнете експлозија, појавата на чудни бактерии, оган и истекување на хемикалии во вашата храна! Во продолжение ќе откриете кои 8 работи не треба да ги користите во микробранова печка.
Јајца
Јајцата може да се подготват во микробранова печка доколку претходно се скршени. Ако се обидете да подготвите варени јајца, водата од јајцето ќе се претвори во пареа, која ќе се собере под лушпата. Кога тоа ќе се случи, подгответе се за експлозија и парчиња јајца низ внатрешноста на вашата микробранова печка.
Хартиени кеси
Ако сте љубител на пуканки во микробранова, подгответе се за лоши вести. Обичните кеси од хартија не се подобра алтернатива од купените пуканки во кеса кои се полни со хемикалии. Какво било лепило или боја на кесата може да испушти отровна пареа кога е изложена на високи температури. Исто така, постои ризик дека вашата кеса да е запали за време на овој процес.
Овошје
Исто како јајцата и овошјето содржи голема количина на вода што може да се претвори во водена пареа и да се собира додека не се случи многу неуредна експлозија во вашата микробранова печка. Можеби загревање на овошје во микробранова печка не изгледа како логичен избор, но се повеќе и повеќе нови рецепти препорачуваат токму таква подготовка. Ако сакате да ги пробате, не заборавајте прво да го исечете овошјето на парчиња – иако уделот на вода останува ист, на овој начин водената пареа не може да остане заробена под кората.
Замрзнато месо
Микробрановата печка може да биде единствениот спасител ако е време да се подготви ручек, а токму тогаш сте се сетиле дека не сте одмрзнале месо за подготовка. Но, освен ако веднаш не го подготвувате замрзнатото месо, избегнувајте го овој метод. Користењето микробранова печка може да доведе до тоа одредени делови од месото да станат топли, што може да доведе до развој на бактерии. Ако веднаш не го подготвите месото, постои голема шанса да се расипе.
Храна во пластични контејнери
Пластични садови и фолии претставуваат очигледен ризик од топење ако премногу долго се загреваат во микробранова печка. Но, ако планирате брзо да подгреете храна во пластичен сад завиткан во прозирна фолија, и натаму се работи за потенцијално лоша идеја. Пластичните садови содржат хемикалии кои може да навлезат во вашата храна, затоа пластичните заменете ги со стаклени или керамички садови, а ако сакате да ја покриете храната, користете книжни салфети.
Масло
Иако повеќето рецепти нема да бараат да подгревате масло во микробранова печка, можеби ќе посакате сами да направите масло за масажа или некој друг производ за нега на тело. Иако овој метод не е премногу опасен, не е ни премногу ефикасен. Микробрановата печка загрева храна и течност со испраќање на електромагнетни бранови преку честички вода, поради што тие вибрираат и се загреваат. Но, бидејќи маслото скоро воопшто не содржи вода, на овој начин нема многу да се загрее.
Храна во алуминиумска фолија
Наједноставно кажано, греењето на алуминиумските фолии може да предизвика искри што во многу случаи ќе предизвикаат пожар. Ако сакате да подгревате остатоци од последниот оброк не заборавајте прво да ја отстраните фолијата.
Ништо
Освен ако не планирате да купите нова микробранова печка, избегнувајте палење кога нема ништо во неа. Иако се чини очигледно, постојат случаи во кои луѓе палеле празна микробранова по што таа се прегреала и едноставно се исклучила. Зошто се случува ова? Бидејќи веќе споменатите електромагнетни бранови патуваат низ молекулите на вода, кога микробрановата печка е празна во неа нема ништо да ги апсорбира овие бранови, што може да доведе до потенцијална катастрофа.