четврток, јануари 9, 2025
домаЖивотСценаОвој викенд - СТАТУАФЕСТ - Скопје на улица!!!

Овој викенд – СТАТУАФЕСТ – Скопје на улица!!!

На 17ти и 18ти септември, со почеток во 18:30 часот, на ул. Македонија, во Скопје дојдете и проследете го фествалот за живи статуи Статуафест – Другото лице на улицата Статуафест.

– Драги пријатели по трите успешни фестивали кои ги изработивме во Р. Хрватска, поточно Хвар, Брач и Загреб еве се ближи и скопскиот Статуафест – Другото лице на улицата кој ќе се случи на 17ти и 18ти септември, петок и сабота со почеток од 18:30 – 21:30ч. Ова е петти (шо би се рекло јубилеен) по ред Статуафест кој Teatrosk го поставува на улиците на нашиот глевен град, попознат е како Градот убав. На овогодинешниот фестивал, како и минатата година ќе настапуваат исклучително домашни артисти од причина што основна цел на нашата театарска компанија за улична уметност е да создадеме пообемна домашна продукција каква што ја има насекаде по светските фестивали, доминантно акцентирање на домашната продукција, па дури потоа следува селекцијата на оние артисти кои доаѓаат од другите земји ширум Европа и светот. Некои од артистите ви се веќе познати, оние кои биле на Статуафест ќе имаат можност да ги препознаат, но се разбира се појавуваат и дебитанти што нам ни е од огромна важност бидејки интересот за овој вид уметност расте од година во година. Се разбира артистите овој пат ќе бидат во сосем различни улоги. Темата на овогодинешниот Статуафест – Другото лице на улицата е „Скопје на улица“ односно што се прават скопјани во текот на едно деноноќие движејки се забрзано или пак бавно низ улиците на нашиот град, во преносна смисла Статуафест ќе биде огледало на самите нас, какви сме всушност – вели Милена Цветановска.

Скопје е Љубов

Скопје е џез и блуз

Скопје е театар и филм

Скопје е книга (никогаш завршена)

Скопје е незадлжителна прошетка

Скопје е возење тротинет и велосипед

Скопје е прегратка

Скопје сме ти и јас седнати на клупите во градскиот парк

Скопје е поезија

Скопје е боемски град

Скопје ги има најлегендарните урбани ликови

Скопје е Вардар

Скопје е фудбал на мали голчиња у маало на цименто

Скопје се сите мостови кои не’ спојуваат сите заедно во него

Скопје се липите кои цутат на пролет

Скопје е цвеќињата кои насекаде расцутуваат

Скопје ја има најоткачената и најкреативната младина

Скопје е графити и мурали на улица

Скопје е уметност

Скопје е се’ што имаме

Скопје радост ти ќе бидеш

Здружението на граѓани ТимТеаросК – Teatrosk овој настан го оддржува со поддршка на Град Скопје, Винарија Тиквеш, МДН Обезбедување, Театар за деца и младинци – Скопје, Jingle TV, City Radio! Дизајн на плакат: Стефан Петровски. Настанот ќе биде спроведен во согласност со сите КОВИД 19 протоколи! Се гледаме на улица!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ