понеделник, ноември 18, 2024
домаЖивотЗдравјеОвошје кое за четири дена дава позитивен ефект врз менталното здравје

Овошје кое за четири дена дава позитивен ефект врз менталното здравје

Јадењето киви може да ве ослободи од лошо расположение за само четири дена, покажа истражувањето објавено во „Британски журнал за исхрана“ (British Journal of Nutrition).

Кивито има висока содржина на витамин Ц, но сега е утврдено дека ова овошје дава многу повеќе – позитивно влијае на менталното здравје. Тим од Универзитетот во Отаго во Нов Зеланд спроведе осумнеделна диета на 155 возрасни лица со ниско ниво на витамин Ц. Учесниците земале додаток на витамин Ц, плацебо или две киви на ден, а потоа ја пријавиле својата виталност, расположение, квалитет на спиење и физичка активност преку анкета.

Резултатите објавени во „Британски журнал за исхрана“, покажаа дека кивито ја подобрува виталноста и расположението во рок од четири дена, а ефектот на зајакнување достигнува врв на околу 14-16 дена. Додатоците на витамин Ц, од друга страна, малку го подобрија расположението до 12-тиот ден, пишува „Дејли Меил“.

Водечкиот автор д-р Бен Флечер додаде: „Ова ни помага да видиме дека она што го јадеме може да има релативно брз ефект врз тоа како се чувствуваме“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ