петок, декември 20, 2024
домаЖивотЖивотна срединаПатики од пластичен отпад од океаните

Патики од пластичен отпад од океаните

Адидас го претвора загадувањето во производи со високи перформанси

Следниот месец Адидас ќе започне производство на три нови изданија на популарните патики UltraBoost, направени со користење на пластични остатоци пронајдени во океанот.
Во понатамошниот обид да се стави крај на загадувањето, германскиот бренд на спортски производи ги здружи силите со еколошката иницијатива Парли за Океан по вторпат со Ultraboost, Ultraboost X и Ultraboost Uncaged. Патиките се достапни во продавниците и преку онлај продажба на интернет а за прозводство на еден пар патики се користат 11 пластични шишиња. Со цел да се постигне целта на Адидас за создавање на еден милион пар UltraBoost патики кои користат океанска пластика оваа година, Парли за океаните помага да се претвори отпадот во нишка која се користи за призводство на чевли.
“Во Adidas, нашето основно верување е дека преку спортот имаме моќ да ги менуваме животите”, рече Каспер Рорстед, извршен директор на Adidas.
“Ние сме една од ретките компании кои ја интегрираат одржливоста во нивниот бизнис модел, што станува највидливо во фактот дека ние ја одржуваме одржливоста на нивото на производот.
“Не само што гледаме во одржливоста како можност да добиеме конкурентна предност, туку тоа го гледаме како обврска за нас како глобална компанија да правиме бизнис на одговорен и одржлив начин “.
Со проценува дека пластиката  сочинува речиси 80 проценти од вкупниот морски отпад во светските океани, колекцијата Adidas x Parley прави бранови во одржливоста.
Минатата година брендот ги  замени пластични текеси во продавниците за хартиени и, како резултат на тоа се вели дека елиминирале речиси 70 милиони пластични торби.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ