петок, ноември 29, 2024
домаЖивотЗдравјеПендаровски: В понеделник заседава Советот за безбедност – опција прогласување кризна состојба

Пендаровски: В понеделник заседава Советот за безбедност – опција прогласување кризна состојба

В понеделник во 16 часот ќе се одржи средба на Советот за безбедност на која покрај стандардните членови ќе присуствуваат и министерот за здравство Венко Филипче и началникот на Генералштабот на АРМ, соопшти денеска претседателот Стево Пендаровски на средбата со медиуми во претседателската резиденција на Водно.

-На состанокот ќе се разгледуваат три можни сценарија во однос на евентуалната потреба на ангажирање на армијата. Кризна состојба е веќе прогласена на јужната и на северната граница, а во врска со мигрантската криза.Простор за загриженост и во однос на стоковните резерви нема – рече претседателот.

Шефот на државата рече дека е можен ангажманот на армиските единици и без прогласена кризна состојба. Можно е да се прогласи и кризна состојба на целата територија поради епидемијата.

Сите овие мерки ќе бидат без ефект ако граѓаните не се придржуваат, а медиумите треба да апелираат да се придржуваме сите до мерките, додаде претседателот.

-Апелирам до медиумите информирањето за епидемијата да биде само од официјални извори. Епидемија од лажни вести е најлошото нешто што може да ни се случи“, рече Пендаровски.

Пендаровски рече дека надлежните органи деновиве детектирале неколку обиди за организирано и планско ширење на лажни вести со цел дополнително да се влоши состојбата и да се изгуби довербата во надлежните органи користејќи ја епидемијата со корона вирусот, додавајќи оти се откриени случаи од истите ентитети кои имале исти активности во време на референдумската кампања.

Претседателот соопшти дека според негови информации Македонија и Албанија ќе добијат датум за преговори на 26 март, бидејќи консултациите во Брисел се завршени и гласањето на 18 март ќе се најде на расправа пред амбасадорите. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ