четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаПендаровски во посета на лабораторијата на ИЈЗ: Ви благодарам, чувајте се!

Пендаровски во посета на лабораторијата на ИЈЗ: Ви благодарам, чувајте се!

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посетил Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје во која се вршат испитувања за присуство на вирусот КОВИД-19, информира кабинетот на претседателот на државата.

Претседателот Пендаровски им оддал признание за макотрпната работа на докторите и медицинско-техничкиот персонал, кои по појавата на вирусот работат со засилено темпо и се изложени на висок ризик во својата работа и им честитал за тимската и пожртвувана работа и за нивниот придонес во справувањето со последиците од ширењето на вирусот КОВИД – 19.

„Овде сум лично да ви ја искажам огромната благодарност во името на сите наши граѓани за се ова што го правите. Охрабрува вашата професионалност и одговорност, посветеноста и смиреноста со која секојдневно ги извршувате вашите обврски. Ви порачувам да се чувате, секој поединечно, и како тим и како семејство“, им порачал претседателот Пендаровски на вработените.

Вработените во Лабораторијата, поделени во три тима, по систем на ротација на секои три часа, обработуваат од 50 до 70 примероци.

Претседателот Пендаровски ја истакнал потребата да се овозможи непречена работа на лабораторијата, која има важна улога во детектирањето и спречувањето на ширењето на вирусот, воедно повикувајќи на доследно почитување на препораките од надлежните институции со цел справување со последиците од ширењето на вирусот КОВИД-19. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ