четврток, декември 26, 2024
домаЖивотПензионерите од Повардарскиот регион играа и пееја во Гевгелија 

Пензионерите од Повардарскиот регион играа и пееја во Гевгелија 

Во организација на Здружението на пензионери од Гевгелија, беше одржана „19 Регионална ревија на песни, музика и игри на пензионерите од Повардарскиот регион“.
На ревијата настапија пензионерите од Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Демир Капија, Неготино, Кавадарци и Велес. Поради  здравствените протоколи, овој културен настан се одржа на отворено, во Негорските Бањи, на кој пензионерите од осум града го презентираа фолкорното наследство.
На отворањето на  ревијата присуствуваше и градоначалникот на општината, Сашо Поцков, при што на сите учесници им посака добредојде,  истакнувајќи дека по долгиот период во време на КОВИД- пандемијата и застојот на културата, особено му е драго што овој настан го збогати културниот живот на пензионерите,  овозможувајќи им дружење преку презентирање на фолкорното богатство и традиција.
Ревијата беше прогласена за отворена од претседателката  на Сојузот на здруженија на пензионерите на РСМ, Станка  Трајкова, која истакна:
– Со оваа Регионална ревија заврши Регионалниот музички пензионерски карван кој започна во Прилеп, а продолжи во Гевгелија. Сето ова ќе финишира со Републичката ревија на песни, музика и игри на пензионерите, на 23 јуни во Скопје. Со ваквите дружења, истакна таа, пензионерите не само што ја чуваат богатата македонска фолклорна традиција, туку и го збогатуваат квалитетот на своето живеење.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ