Исхраната може да влијае на здравото ниво и границите на холестеролот. Пред сè, важна е разновидната исхрана.
Во продолжение, ви претставуваме пет намирници кои можат да имаат дополнителен заштитен фактор за артериите.
Печени бадеми
Само една шака бадеми содржи неверојатни 9 грама мононезаситени масти, кои помагаат во намалување на лошиот холестерол додека го зголемуваат добриот холестерол. Ако изберете бадеми наместо крофна, чипс или переци за две ужинки дневно, би можеле да го намалите лошиот холестерол за речиси 10 проценти.
Авокадо
Во студија на мексиканскиот Instituto Mexicano del Seguro Social, жените и мажите кои јаделе едно авокадо дневно во текот на една недела го намалиле вкупниот холестерол за 17 проценти. Додека нивото на нездравиот LDL и триглицеридите опаднало, нивото на добриот HDL всушност се зголемило, можеби поради високото ниво на добри мононезаситени масти во авокадото. Овој масен плод е исто така богат со бета-ситостерол, кој го намалува холестеролот.
Домат
Јадењето седум или повеќе оброци неделно го намалило ризикот од кардиоваскуларни заболувања за 30 проценти во неодамнешна студија на повеќе од 35.000 жени спроведена од лекари во Бостонската болница Brigham and Women’s Hospital. Тоа може да биде антиоксидансот ликопен или одличните нивоа на витамин Ц, калиум и влакна во доматите. Готвењето на доматите 30 минути или подолго го зголемува нивото на достапен ликопен. А 1/4 чаша сушени домати има повеќе калиум кој го намалува крвниот притисок отколку средно голема банана!
Лосос
Меѓу масните риби богати со омега-3, лососот е крал: една порција содржи околу 1,8 грама еикозапентаенска киселина (EPA) и докозахексаенска киселина (DHA), важни омега-3 масни киселини кои помагаат во намалување на ризикот од нарушувања на срцевиот ритам, лошиот холестерол, па дури и создавање на хлороза и воспаление.
Овесни снегулки
Бета-глуканот, растворливото влакно кое се наоѓа во овесот, делува како сунѓер, задржувајќи жолчни киселини богати со холестерол во цревата и излачувајќи ги. Резултатот е понизок лош LDL бидејќи помалку холестерол се апсорбира во крвотокот. Голема чинија овесни снегулки дневно (околу 1-1/2 чаши) би можела да го намали холестеролот за дополнителни 2 до 3 проценти, според студија објавена во Journal of the American Medical Association.
Н.Д.
![](https://text.mk/wp-content/uploads/2020/02/SEMM-baner_MK.jpg)