среда, ноември 20, 2024
домаЖивотЗдравјеПет симптоми кои укажуваат дека заболен од ковид може да страда долго

Пет симптоми кои укажуваат дека заболен од ковид може да страда долго

Некои пациенти позитивни на коронавирус долго се борат со оваа болест, некои со недели, а некои со месеци да ги чувствуваат симптомите. Една нова студија на научници од Кралскиот колеџ во Лондон покажа дека некои рани знаци на болеста може да покажат дека пациентот нема да се опорави веднаш.

Во неодамнешната студија спроведена на Кралскиот колеџ во Лондон, која сè уште треба да помине дополнителни рецензии, се испитувани повеќе од 4.000 пациенти позитивни на коронавирус во Шведска, Велика Британија и САД. Тие требаше да ги следат нивните симптоми во текот на целиот период на болест, пренесува „Н1 инфо“.

Околу 20% од испитаниците рекле дека се чувствуваат лошо дури четири недели по дијагностицирањето, што експертите го сметаат за долгорочен случај на ковид. По осум недели, околу 190 пациенти пријавиле симптоми, а околу сто не се опоравиле дури и по 12 недели.

Студијата открива дека пациентите кои имале повеќе од пет симптоми во првата недела од болеста имале значително поголем ризик од долготраен развој на ковид, и тој податок нема никаква врска со возраста и полот, објави Медрсив.

Покрај тоа, преку оваа студија, експертите идентификуваа пет симптоми кои можат да предвидат дека кај пациентите ќе се развијат долгорочни симптоми на ковид, а тоа се:

– замор

– главоболка

– отежнато дишење

-засипнат глас

– болка во мускулите и целото тело

Тие сметаат дека откритието е значајно затоа што може да придонесе за подобар третман на пациентите.

Околу 98% од испитаниците со долгорочни симптоми пријавиле замор и 91% пријавиле главоболка. Околу две третини од испитаниците имале силна болка во мускулите и целото тело, а околу 58% рекле дека имаат сериозни главоболки.

Најважниот фактор за развој на долгорочна болест е возраста на пациентот, покажа студијата. Околу 22% од луѓето постари од 70 години имале долгорочни симптоми во споредба со 10% од луѓето на возраст меѓу 18 и 49 години.

Луѓето кои имаат проблеми со телесната тежина се исто така изложени на ризик.

Иако не се покажа дека полот е важен фактор што влијае на долгорочноста на симптомите, жените од помлада возрасна група се повеќе склони кон него отколку мажите. Со оглед на фактот дека сегашната статистика покажува дека мажите се повеќе склони кон посериозни клинички слики, научниците сметаат дека е можно овој резултат да се случил само затоа што жените ги следеле симптомите поодговорно.

Сепак, научниците предупредуваат дека истражувањата што бараат од учесниците одговорно да ги следат и запишуваат ваквите податоци не се совршени бидејќи луѓето понекогаш го забораваат или го поврзуваат симптомот со нешто друго. А. Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ