Празничната еуфорија полека ги зафаќа домовите, а проблемот со прејадување се чини дека е заеднички за сите. Прејадувањето честопати е поврзано со емоционални состојби и е принудно. Се прејадуваме како последица на премногу работа, стрес и други психолошки нестабилни услови. Проблемот станува особено актуелен со приближувањето на новогодишната ноќ, кога ниту трпезата, ниту стомакот не можат да се справат со количината храна.
Еве 5 врвни совети кои ќе ви помогнат да избегнете прејадување.
Внимавајте на гладот
Не доведувајте го вашето тело во состојба каде што сте подготвени да „изедете слон“. Кога сме многу гладни, ризикот од прејадување се зголемува неколку пати. Затоа, обидете се да земате здрави грицки помеѓу оброците и да јадете кога чувствувате глад. Сепак, обидете се да не јадете овошје помеѓу оброците – тоа предизвикува скокови на шеќер во крвта што може да предизвика да чувствувате зголемен глад.
Јадете полека
Јадете полека, храната треба да има време да свари и телото да сфати дека сте сити. Затоа, не јадете набрзина. Појадокот, ручекот и вечерата нека бидат ваши лични дневни ритуали, посветете го тоа време на себе, престанете да се грижите за секојдневните проблеми и едноставно уживајте во вашиот оброк. И, се разбира, не заборавајте темелно да ја џвакате храната.
Не заборавајте на водата
Пречесто жедта ја заменуваме со глад и затоа јадеме премногу. Не заборавајте да пиете вода во текот на денот помеѓу оброците. Покрај тоа, ако чувствувате глад, обидете се да испиете чаша вода половина час пред оброк – тоа ќе ви помогне да го нормализирате чувството на глад и малку да го наполните стомакот, па затоа ќе јадете помалку храна.
Не јадете пред екранот на телефонот или лаптопот
Кога сте зафатени со гледање содржина на Инстаграм , Фејсбук, или вашата омилена ТВ-емисија, не можете да ја контролирате количината на храна што ја консумирате. Покрај тоа, мозокот е зафатен со конзумирање содржина, а не храна, поради што, според многу нутриционисти, ова може да предизвика разни стомачни болести, како што е гастритис.
Квалитетен сон
Количината и квалитетот на спиењето влијаат на сите области од нашиот живот. Ова исто така важи и за потрошувачката на храна. Ако редовно не спиете доволно, вашето тело е под постојан стрес. Покрај тоа, поради недостаток на сон, му треба дополнителна енергија – што може да се добие преку храна. Обидете се да спиете најмалку 8 часа и да одите во кревет порано. А.Н.