В.д. директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, Билјана Јовановска, потпиша два Меморандуми за соработка. Едниот со Црвениот крст на Р. Северна Македонија, застапуван од генералниот секретар, д-р Саит Саити, и другиот со Зекир Абдулов од Граѓанската организација КХАМ од Делчево.
Целта на склучувањето на Меморандумот со Црвениот крст е преку взаемна соработка и помош да се обезбеди реализација на програмите од областа на крводарителството, првата помош, како и социјално – хуманитарната дејност, а во насока на потребите на пензионерите.
Соработката со ГО КХАМ е заснована на взаемна соработка и помош помеѓу договорените страни, да се овозможи навремено и ефикасно информирање на корисниците на пензија, како и пружање на правна помош на идните пензионери.
Сите активности кои се предвидени со овие Договори се на доброволно основа.
Ова е досега прва активност на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија склучена со граѓански организации, со што Фондот ја потврдува својата улога на општествено одговорна институција која се грижи за нејзините корисници.
А.Н.