Пластиката и петрохемикалиите го загрозуваат здравјето и правата на народите од Арктикот

Човековите права, здравјето и земјите на народите од Арктикот се загрозени од пластика, петрохемикалии и климатските промени, се вели во последното истражување на мрежата ИПЕН.

0
47
BTE2X0 Rubbish at garbage dump and icebergs at Ilulissat / Jakobshavn, Disko-Bay, Greenland

Со затоплувањето на Арктикот речиси четири пати побрзо од остатокот на светот, домородните гласови алармираат за заканите што се надвиснуваат над Арктикот од пластиката и токсичните хемикалии. Извештајот направен од неколку мрежи кои се борат против хемикалиите, и кој синтетизира докази од повеќе од 250 студии, го нагласува негативното влијание врз заедниците на Арктикот.

Во пресрет на преговорите за Договорот за пластика што ќе се одржат во ноември во Бусан, Кореја, објавен е извештај кој ја прикажува врската помеѓу пластиката, петрохемикалиите и климатските промени, кои сериозно го загрозуваат здравјето и човековите права на народите од Арктикот. Извештајот ја истакнува важноста на сведоштвата на домородните лидери кои се вклучени во локалните и глобалните напори за заштита на нивните земји и луѓе.

Овој извештај од „Акција на заедницата на Алјаска против токсини“ (ACAT) и „Мрежата за елиминација на меѓународни загадувачи“ (IPEN), под наслов „Пластичната криза на Арктикот: Токсични закани за здравјето, човековите права и земјите на домородните народи од петрохемиската индустрија“, ги презентира научните докази за опасностите од пластиката, која е создадена од фосилни горива и токсични хемикалии. Од над 16.000 хемикалии кои се користат во пластиката, 91% се токсични или недоволно испитани. Хемикалиите и пластиката претставуваат глобална здравствена и еколошка криза.

Извештајот исто така покажува дека експлоатацијата на фосилните горива во Арктикот, најчесто блиску до домородните земји, ги изложува овие заедници на токсични хемикалии, што негативно влијае на нивната земја, вода и безбедност на храната.

Подготви: Ф.С.