среда, ноември 20, 2024
домаЖивотПо 100 години се појавија пеликани на Дунав

По 100 години се појавија пеликани на Дунав

Дунав е вистинска оаза на птици оваа година. Покрај лебедите, сега почнаа да пристигнуваат и сивите чапљи и патки, а, како што пренесува „Каледиоскоп“ пристигнаа и пеликаните.

Ова се прекрасните пеликани кои последен пат беа видени во овој регион пред стотици години. Според Замедиелевизија, има неколку локации по должината на Дунав и неколку пронајдоа прибежиште во Михајловац.

Пеликаните се еден од најзагрозените видови птици. Станува збор за познатиот кадроглавиот пеликан, чие научно име е Pelecanus crispus.

Кадроглавиот пеликан е најголем од сите пеликани. Извонреден летач, одличен пливач, ненадминлив риболовџија. Станува збор за вид на птица кај која под повеќе од пола метар долгиот клун виси необична кеса, единствена во светот на птиците. Се верува дека пеликанот токму тука ги чува уловените риби. Всушност, кесата пред се е „рибарски алат“, и со нејзина помош птиците ловат риби во плитката вода, бидејќи пеликанот е единствена птица коај плови, но не може и да гњури. Од кесата ги храни малите пеликани, а со неа се лади за времена жешките летни денови – пишува „Каледиоскоп“.

Истражувањата покажаа дека пеликаните се гнездат исклучиво на мали пливачки тресетски острови, познати како „арбуни“. Островите биле создадени во зима, од мртви треви  и трска, од ефектите на ветерот и брановите. На избраниот остров или неколку, Пеликаните ги градат своите гнезда. По завршувањето на гнездото, плодната тресетска почва, дополнително оплодена со измет од пеликаните, веднаш се обраснува со бујна трска, така што островот веќе не е погоден за пеликаните и тие треба да бараат нови.

Прекрасниот изглед на пеликаните, нивната приврзаност кон местата за размножување, нивното мирно и безопасно однесување, како и нивните риболовски вештини, ги направија многу популарни. Особено, нивните напори да ги негуваат младите предизвикуваат благородни чувства кај луѓето. Затоа пеликаните се многу присутни во секојдневниот живот на човекот.

Кадроглавиот пеликан е најзначајната и најатрактивна птица на Преспа. Популацијата на оваа птица од година на година се зголемува. Истражувањата на организацијата „Преспа“ од Грција, вели дека во моментов има повеќе од 3.200 кадроглави пеликани.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ