По Ѓоковиќ и Димитров го заврши турнирот во Брисбејн со пораз

0
7

По вчерашниот пораз на Ѓоковик во Брисбејн, денес уште една информација од Австралија може да ги исцрта контурите на првиот гранд слем турнир, Аустралија Опен.

Нерангираниот чешки тенисер Јири Лехечка водеше со 6-4, 4-4 кога Бугаринот Григор Димитров го напушти теренот поради медицински одмор со физиотерапевт. Димитров, кој е 10-ти на светската ранг-листа, се врати, но одигра само еден поен пред да се повлече од натпреварот.

Лехечка ќе игра против Американецот Реили Опелка кој вчера го „нокаутираше„ Ѓоковиќ или Французинот Жовани Мпетши Перикар во финалето, двајца многу високи тенисери со моќни сервиси.

Ова ќе биде четврто финале за 23-годишниот Лехечка на АТП турнирите и тој ќе се бори да ја додаде брисбејнската титула кон неговиот победнички трофеј од Аделаида од јануари.

„Ќе морам да бидам фокусиран 100%“, изјави Лехечка за тоа како ќе се справи со Опелка или Мпетши Перикар во финалето. „Треба да се фокусирам на секој поен, на секоја шанса, бидејќи шансата може да исчезне во многу кус момент. Мислам дека за мене најважно ќе биде да се фокусирам на моите сервиси и потоа да се обидам да решам нешто на враќање.“

Рускиот квалификант Полина Кудерметова продолжи со својата бајковита недела кога ја победи Украинката Анхелина Калинина со 6-4, 6-3 во првото полуфинале за жени. Таа сега има седум победи по ред на овој турнир, но ќе има поголем предизвик во финалето против или светската број 1 Арина Сабаленка или руската тинејџерска сензација Мира Андрејева.

Ф.С.