понеделник, декември 23, 2024
домаПо премиерата, „Бикини Мун“ на редовниот репертоар на кино Милениум

По премиерата, „Бикини Мун“ на редовниот репертоар на кино Милениум

Денеска дел од филмската екипа на Бикини Мун имаше средба со новинарите. Конференцијата за печат беше по повод престојната премиера на филмот „Бикини Мун“ во режија на Милчо Манчевски. Премиерата е закажана за 22 март. Пред проекцијата на филмот ќе биде прикажан и неговиот кус филм „Крајот на времето“. Филмот понатаму е на редовен репертоар на киното Милениум со проекции од 20 и 22 часот.

На средбата со новинарите присуствуваа режисерот Манчевски, британскиот дизајнер на продукција Дејвид Манс, композиторот на музиката Игор Василев – Новоградска и дизајнерот на визуелни ефекти Мишо Ристов.

Режисерот Манчевски рече дека Бикини Мун е современа трагедија.

„Замисли да си жена која била војник во Ирак, а сега живее на улица во Њујорк. Ѝ ја одзеле ќерката затоа што има ментална болест и се бори да си ја врати назад. Бикини Мун Дејвис, главниот лик, има сложен однос со стварноста. Таа е харизматична, привлечна, духовита, ама и жена со ментални проблеми. Покрај тоа, Бикини Мун е и лажен документарец, и со тоа филм за нашиот однос кон вистината, за тоа како медиумите го менуваат она што го снимаат и влијаат врз стварноста за која известуваат. Приказнава е нешто што секој треба да го склопи на свој начин. Мојата цел е емотивната, а не фактографската вистина“.

Во Скопје пристигна и британскиот дизајнер на продукцијата Дејвид Манс, кој досега има работено на сите досегашни филмови на Манчевски, вклучувајќи го и Бикини Мун, кој по тој повод изјави дека со Милчо соработуваат повеќе од 25 години уште од снимањето на „Пред дождот“.

„Описот на мојата работа е таков што морам да истражувам многу локации. Земајќи предвид дека најголемиот број од филмовите на Милчо се снимани низ Македонија можам слободно да кажам дека одлично ја познавам вашата земја, која има преубави предели“.

Манчевски со секој негов следен филм истражува и пробува нешто ново. Па така и Бикини Мун е авторски филм преку кој авторот открива нови филмски можности и ја води публиката низ неочекувано патување. Филм кој е позициониран на деликатната граница меѓу играното и документарното.

Филмот досега се прикажа на повеќе светски филмски фестивали. Но, но за првпат во Скопје е на редовниот репертоар. По македонската премиера животот на „Бикини Мун“ продолжува на други меѓународни фестивали во Сарасота (Флорида), во Истанбул, Филмскиот Фестивал Менхетен (Њујорк), во Франкфурт (Германија) и Нешвил во мај. Неодамна, на 38. Меѓународен филмски фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија, филмот на Манчевски ја освои специјалната награда од жирито.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ