петок, декември 20, 2024
домаКујнаПочина Благоја Стефановски – Баге, поранешен министер за култура, пратеник и актер

Почина Благоја Стефановски – Баге, поранешен министер за култура, пратеник и актер

На 67-годишна возраст денеска во Битола почина Благоја Стефановски – Баге, поранешен  министер за култура, собраниски пратеник, директор на битолскиот театар и актер во пензија.

Стефановски, дипломиран актер, е роден во Битола на 7 март 1953 година. Во богатата професионална кариера извршувал бројни функции: од 1975 до 1980 година бил директор на Битолскиот народен театар, претседател и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето” и претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински”, но и на други домашни и меѓународни фестивали и манифестации.

Од  1994 до 1998 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија, а од 2002 година до 2006 година бил на функцијата министер за култура.

Стефановски  во 2019 година е добитник на наградата 4-ти Ноември за животно дело што Општина Битола ја доделува по повод Денот на ослободувањето на градот – 4 Ноември. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ