сабота, ноември 16, 2024
домаПочина драматургот Горан Стефановски

Почина драматургот Горан Стефановски

Познатиот македонски драматург Горан Стефановски ненадејно почина вчера во Лондон во 66-тата година од животот по кратко боледување. Последните години живееше во Велика Британија, во близина на Лондон.

Горан Стефановски е роден во Битола, на 27 април 1952 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година беше професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје.  Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година, а од 2004 година  и член на Македонската академија на науките и уметностите.

Тој е автор на познатите драми „Диво месо“, „Лет во место“, Дупло дно“ и „Тетовирани души“. беше и еден од креаторите на детската ТВ серија „Бушава азбука“ која се емитуваше на Македонската радио телевизија. Добитник е на престижните награди „Стале Попов“, „11 Октомври“, двапати на „Стериина награда” и шестпати добитник на наградата „Војдан Чернодрински.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ