петок, ноември 15, 2024
домаПочина претседателот на Виетнам

Почина претседателот на Виетнам

Виетнамскиот претседател Тран Даи Кванг почина денеска по сериозна болест на возраст од 62 години, објави виетнамската влада, пренесе АП.

Партискиот и државен лидер Кванг почина во Воената болница во Ханој, и покрај напорите на виетнамските и странските професори и лекари, стои во извештајот на веб-страницата на Владата на Виетнам.

Неговото последно јавно појавување беше на состанокот на Политбирото на владејачката Комунистичка партија и приемот за кинеската делегација во средата, кога се појави на државната телевизија, видливо исцрпен.

Роден во северната провинција Них Бин, Кванг го завршил полицискиот колеџ и бил на различни позиции во Министерството за јавна безбедност пред да биде назначен за претседател. Од 2016 година тој беше дел од конзервативното дуо на врвот на земјата, со премиерот Нгуен Суан Фук, објавија медиумите.

Покрај главно церемонијалната улога на шеф на државата, Тран беше меѓу клучните личности во виетнамската влада и член на Политбирото на Комунистичката партија на Виетнам, вистинскиот центар на моќ. Ова тело е суштински одговорно за сите најважни одлуки во земјата, а вистинскиот лидер е генералниот секретар на партијата Нгуен Фу Тронг.

Тран, како поранешен министер за јавна безбедност и член на конзервативниот дел на Комунистичката партија, го одбележа мандат на репресија. Има десетици политички затвореници, блогери и новинари во виетнамските затвори. Тој беше прв шеф на полицијата кој беше избран за претседател на Виетнам на конгресот одржан во 2016 година, по што следеше жестока битка помеѓу конзервативците и реформаторите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ