четврток, декември 26, 2024
домаКујнаПочна масовно погребување на жртвите од земјотресот и цунамито во Индонезија

Почна масовно погребување на жртвите од земјотресот и цунамито во Индонезија

Во централна Индонезија денеска започна масовно погребување на жртвите од земјотресот и цунамито. Тим работници со маски на лицата донесе околу пладне по локално време 18 вреќи со тела и ги постави во ров, а машините истурија земја.

Наскоро се очекуваат уште погреби. Во градот Палу, кој е најтешко погоден во провинцијата Сулавеси, во тек се подготовки за погребување на повеќе од 300 луѓе.

Се очекува потврдениот број на жртви од 832 да продолжи да расте откако дел од погодената област и натаму останува непристапен. Земјотресот и цунамито ги уништија зградите и предизвикаа голема штета во Палу и околните населби.

Индонезискиот претседател Џоко Видодо го одобри прифаќањето на странска помош за оваа катастрофа. Во моментов нема познати детали, објави АП.

Штета претрпеа аеродромите, болниците и друга клучна инфраструктура.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ