сабота, јули 27, 2024
домаПочнаа преговорите меѓу Украина и Русија во Минск, сите инсистираат на мир

Почнаа преговорите меѓу Украина и Русија во Минск, сите инсистираат на мир

На договорената локација во Белорусија започна средбата на делегациите на Украина и Русија, пренесоа странските медиуми. Делегациите беа пречекани од Владимир Макеј, шеф на администрацијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Можете да се чувствувате целосно безбедно. Тоа е наша света должност“, рекол Макеј, пренесува „Украинска правда“.

Весникот наведува дека почетокот на средбата бил емитуван на интернет, но дека преносот подоцна бил исклучен на барање на руската страна. Руската делегација ја предводи советникот на шефот на државата Владимир Медински, а во неа се и заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко, заменик министерот за одбрана Александар Фомин и претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Думата Леонид Слуцки, пренесе Танјуг.

Министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников е на чело на украинската делегација, во која се советникот на началникот на Генералштабот Михаил Подољак, лидерот на партијата Слуга на народот Давид Арахамија, министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников, шефот на украинската трилатерална контакт група Андреј Костин, пратеникот Рустем Умеров и заменик министерот за надворешни работи Николај Точицки.

Според украинската агенција УНИАН, клучна тема на преговорите ќе биде итен прекин на огнот и повлекување на руските војници од територијата на Украина.

Руската делегација прва пристигна на мировните преговори, изјави шефот на делегацијата и помошник на претседателот на Русија, Владимир Медински. Тој за „Спутник“ изјави дека преговорите ќе траат во текот на целиот ден. Тој исто така посочи дека Русија е заинтересирана што поскоро да се постигне договор со украинската делегација.

Средбата на двете делегации се одржува во близина на реката Припјат на украинско-белоруската граница. Агенцијата „РИА Новости“ пренесува дека украинската делегација пристигнала со хеликоптер.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ