понеделник, ноември 18, 2024
домаКујнаПочнува Саемот на книгата 2019

Почнува Саемот на книгата 2019

Повеќе од 60 издавачи од Северна Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од 31-то издание на Меѓународниот саем на книгата кој ќе се одржува од денеска, 8 мај до 14 мај во ВИП Арена Борис Трајковски.

Во соработка со Скопски Саем, Унгарија и унгарската книжевност ќе бидат во фокусот на 31-от Меѓународен саем на книгата во Скопје. Како земја во фокус, Унгарската амбасада во Скопје на посебен штанд ќе ги претстави унгарските книжевни дела објавени на македонски јазик во последниве години. Она со што може да се пофали оваа земја, е богатата книжевна литература, со многу наградувани автори и литературни дела, кои можат да се најдат на полиците за книги ширум светот, а токму на саемот на книга публиката ќе има можност лично да се сретне со авторите Едина Сворен и Ласло Багоши, како и со македонските преведувачи на унгарската литература Паскал Гилевски и Златко Панзов.

За време на саемот, покрај врвните унгарски книги, ќе биде изложена и изложба на илустрации од современи унгарски детски книги.

Работното време на саемот е од 10 до 20 часот. По повод одржувањето на Саемот на книга 2019 во период од 8 до 14 мај во ВИП Арена Борис Трајковски, во соработка со ЈСП, се воведуваат две нови линии 100 и 200. Линија 100 ќе сообраќа од населба Ново Лисиче до ВИП Арена Борис Трајковски, додека линијата 200 ќе сoобраќа од населба Дексион до ВИП Арена Борис Трајковски. Цената на автобуските билети е според официјалниот ценовник на ЈСП.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ