понеделник, ноември 18, 2024
домаПодготовки на #ТикTак во режија на Синиша Евтимов во МНТ

Подготовки на #ТикTак во режија на Синиша Евтимов во МНТ

Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките на современата комедија #ТикTак, која се поставува по мотивите на филмското остварување „TOC TOC (Trastorno Obsesivo Compulsivo во превод од шпански јазик означува Опсесивно-компулсивно нарушување)“ на францускиот писател Лорен Бафи и шпанскиот режисер Висенте Виљануева, а со адаптација и во режија на Синиша Евтимов. Преводот на текстот го направи Благоја Бошковски.

Во претставата играат Јордан Симонов, Александар Микиќ, Николина Кујача, Оливер Митковски, Сашка Димитровска, Тања Кочовска и Александар Михајловски.

Во авторската екипа за реализација на претставата се сценографката Илина Ангеловска и костимографот Александар Ношпал. Извршен продуцент е Виктор Рубен, инспициент е Никола Кимовски, а суфлер е Тања Ивановска.

Премиерата на  #ТикTак е најавена за 16 мај на малата сцена во МНТ. Поради експлицитните реплики кои се употребени во текстот, претставата е наменета за возрасна категорија +18. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ