Покренато обвинение против Љупчо Палевски за убиствата извршени врз Вања и Панче

0
55

Скопското јавно обвинителство поднесе обвинение против Љупчо Палевски, кој е осомничен за убиство и грабнување на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Обвинението, кое е доставено до Кривичниот суд во Скопје, вклучува и предлог за спроведување на единствена постапка против Палевски и уште четири други лица, кои веќе беа обвинети за истиот случај. Судењето се очекува да започне во наредниот период.

Според обвинителството, грабнувањето на девојчето било испланирано со цел да се добијат пари од нејзиното семејство. На 22 ноември 2023 година, обвинетите го грабнале Панче Жежовски во Велес и го принудиле да го предаде своето возило, кое потоа било користено за грабнувањето на девојчето во Скопје. Жежовски бил убиен на свиреп начин во близина на рудник во околината на Велес. Пет дена подоцна, девојчето било грабнато од влезот на нејзината зграда во Скопје и убиено во близина на селото Бразда.

Обвинителството исто така предложи продолжување на притворот за Палевски, кој беше екстрадиран од Турција по бегството од земјата.