сабота, декември 21, 2024
домаПОЛИТИКАСветПолицијата уби напаѓач во близина на израелскиот конзулат во Минхен

Полицијата уби напаѓач во близина на израелскиот конзулат во Минхен

Германската полиција застрела и уби осомничен за пукање во близина на израелскиот генерален конзулат во Минхен.

Според германскиот весник „Suddeutsche Zeitung“, осомничениот бил застрелан во близина на Музејот на злосторствата на нацистичкиот режим, кој се наоѓа во близина на израелскиот генерален конзулат во центарот на градот.

Неколку очевидци изјавиле дека осомничениот носел огнено оружје и дека пукал кон зградата на музејот, но властите се уште не ги потврдуваат овие детали.

Според минхенската полиција, осомничениот бил застрелан и тешко повреден. Сепак, малку подоцна баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман изјави дека осомничениот починал.

„Полицајците пукаа во сомнително лице во областа Каролиненплац“, соопшти минхенската полиција во краткото соопштение објавено на социјалните мрежи, без да даде повеќе детали, пренесе Н1.

Реонот веднаш бил опколен од полицијата, а во областа превентивно се распоредени специјални полициски единици. Полицијата го зголеми своето присуство низ градот, соопштија полициските претставници.

„Сепак, немаме индикации за други локации или други сомнителни лица“, соопшти минхенската полиција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ