На листата на земјоделски производи со најголеми количини на остатоци од пестициди оваа година се најдоа и спанаќот, јаболката, грозјето, праските, доматите, целерот, но прв пат и лутите пиперки, соопшти Американската работна група за животна средина
Јагодите се оваа година повторно први на листата на земјоделски производи со највисока количина на остатоци од пестициди. Во само еден примерок од контролираните се покажани остатоци од дури 20 различни пестициди, додека повеќе од 98 проценти од примероците од јагоди, спанаќ, праски, нектарини, цреши и јаболка биле позитивни на остатоци од најмалку еден пестицид, покажа истражувањето на Американски работна група за животната средина, непрофитна невладина организација која спроведува вакви истражувања од 2004 година.
Истражувањето опфаќа рангирање на 47 најпопуларни овошја и зеленчуци во зависност од контаминацијата со пестициди.
Веднаш по јагодите се наоѓа спанаќот во кој се пронајдени хемикалии 1,8 отсто повеќе отколку во другите, а потоа следат нектарините, јаболката, грозјето, праските, вишните, крушите, доматите, целерот, компирите и лутите пиперки.
Секој од овие земјоделски производи бил позитивен на остатоци од пестициди, и тоа во повисоки концентрации од другите производи на листата.