недела, декември 22, 2024
домаЖивотСоцијална политикаПоловина светска популација нема пристап до основни здравствени услуги

Половина светска популација нема пристап до основни здравствени услуги

Најмалку половина од светската популација нема пристап до основните здравствени услуги, а речиси 100 милиони луѓе секоја година се втурнати во екстремна сиромаштија поради плаќање на прескапи медицински трошоци, се наведува во една студија на Светската здравствена организација и Светската банка, спроведена со поддршка на Обединетите нации.

– Крајно е неприфатливо половина од планетата сè уште да нема пристап до основните здравствени услуги. Решение постои: универзално здравствено осигурување, кое им овозможува на сите да ги добијат услугите неопходни за здравствена заштита кога и каде што им е потребно, без соочување со финансиски тешкотии – рече Тедрос Гебрејесус Адан, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), се вели во соопштението за печат.

Во студијата насловена „Следење на универзалното здравствено осигурување: Глобален извештај за 2017 година“, се наведува дека 800 милиони луѓе трошат најмалку десет проценти од нивниот семеен буџет на здравствени трошоци за себе, за болно дете или друг член на семејството.

За речиси 100 милиони луѓе, овие трошоци се толку високи што ги втурнуваат во екстремна сиромаштија, на преживување со само 1,90 долари или помалку дневно. Овој извештај е клучна точка на дискусија на светскиот Форум за универзално здравствено осигурување 2017, кој се одржува во Токио, главниот град на Јапонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ