четврток, декември 5, 2024
домаКујнаПоплави на грчкиот остров Крит, автомобили завршија во морето

Поплави на грчкиот остров Крит, автомобили завршија во морето

Големите поплави, предизвикани од обилниот дожд, на грчкиот остров Крит ги оштетија патиштата, поплавија стотици домови и однесоа автомобили во морето.

Властите во вторникот соопштија дека најголемата штета се случила источно од главниот град на островот Иракли, во малите градови и селата каде што училиштата биле затворени, а на жителите им е препорачано да останат дома.

Во најтешко погодените области, некои жители се засолнија на покривите на своите домови, бидејќи низ улиците минуваше матна вода со автомобили и остатоци.

Ова е трет пат за помалку од еден месец оваа област да биде погодена од поплави. Обилните дождови се очекува да продолжат до четврток.

Засега никој не е повреден, но официјални претставници на регионалната влада соопштија дека е оштетена патната мрежа на островот, како и голем број домови и продавници, од кои многу се веќе затворени поради рестриктивните мерки за коронавирус што важат низ целата земја . А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ