Mалопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,34 проценти со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Така од полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава за 62,50 денари за литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се намалуваат за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 денари за килограм и ќе изнесува 28,837 денари за килограм. А.Н.