четврток, април 25, 2024
домаКујнаПосле 37 години владеење Мугабе конечно поднесе оставка

После 37 години владеење Мугабе конечно поднесе оставка

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, се согласи да се повлече и состави писмо за оставка, објави денеска „Си-Ен-Ен“ повикувајќи се на изворот близок до преговорите со воените генерали во Хараре. Според одредбите на договорот, Мугабе и неговата сопруга Грејс ќе добијат полн имунитет, се наведува во извештајот.

Двајца високи извори од администрацијата во Зимбабве изјавиле дека Мугабе се согласил да поднесе оставка, но не се познати детали. Владејачката партија Зану ПФ му постави рок на Мугабе да поднесе оставка до денес навечер по локално време, откако армијата презеде контрола во земјата во текот на неделата.

Партијата објави дека ќе започне процес на смена доколку шефот на државата не се повлече. Оваа процедура би можела да биде отворена во парламентот уште утре.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ