Институтот за јавно здравје во последното деноноќие регистрира 6 оздравени пациенти. По еден во Штип, Гостивар и Кочани и тројца во Велес. Но и 29 новорегистрирани пациенти.
Новозаразените се: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2. Досега во земјата се направени вкупно 20088 тестирања на КОВИД-19.
Кривата наместо да паѓа, се качува, а после неколку дена повторно се јавуваат заболени во Струга, која беш цел на реакции по собирот на граѓани за религиозен настан.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1723, бројката на оздравени пациенти е 1235, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393.