понеделник, октомври 7, 2024
домаЖивотЗдравјеПовеќе базни намирници за подобро здравје

Повеќе базни намирници за подобро здравје

Според pH вредноста на намирниците, постојат два вида храна: кисела и базна. Одржување на телото во базна (алкална) состојба е од суштинско значење со цел да се спречат настинки, да се намали ризикот од рак, за одржување на соодветна телесна тежина, и за превенција на многу хронични болести.

Под поимот кисели и базни намирници се подразбира реакцијата која ја предизвикуваат во организмот во процесот на варење. Ова не значи дека одредена намирница поседува такви pH особини, па нека не ве збуни кога на листата исклучително базни прехранбени производи ќе најдете такви кои знаете дека по природа се кисели (како лимон). Здравата исхрана треба да биде застапена така што во текот на денот ќе земате 60-80 проценти базни прехранбени производи, а само 40-20 проценти кисели.

Билките ги чуваат и мускулите

Овошјето и зеленчукот обично се спомнуваат поради витамините, минералите и влакната. Сепак, една нова студија покажала дека храната од растително потекло исто така е корисна за зачувување на мускулната маса кај постарите лица. Во оваа студија, испитаници постари од 65 години, во чија исхрана имало многу овошје и зеленчук (базни намирници), имале во просек 1,6 килограми повеќе мускулна маса од оние чија исхрана содржела повеќе житарки и месо (храна со кисела реакција).

Екстремно и умерено кисели намирници

Бел и кафеав шеќер, кујнска сол, бело брашно, бел ориз, кашкавал, топено сирење, масни намази, пржена храна, говедско месо, ореви, лешници, какао, чоколадо, џем, овошен јогурт, квасец, соино и оризово млеко, белка од јајце, маст, пилешко, телешко, свинско месо, школки, пченка, трици, кикирики, калинки, суви сливи, брусница…

Екстремно и умерено базни намирници

Сода бикарбона, минерална вода, лимон, мандарина, нектарина, ананас, урми, лубеница, малини, кромид, сокови од зеленчук, јаболка, кајсии, капини, маслинки, грашок свеж зелен, брокула, киви, грејпфрут, моркови, црвени пиперки, зелен лиснат зеленчук, магдонос, костени, свеж ѓумбир, билни чаеви, лук, бибер …

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ