недела, септември 8, 2024
домаНасловнаПовеќе од 19 милиони луѓе се заразени со коронавирус во светот

Повеќе од 19 милиони луѓе се заразени со коронавирус во светот

Бројот на заразени со корона вирусот во светот денес надмина 19 милиони, покажуваат податоците на веб-страницата „Worldometers“.

Според веб-страницата, од почетокот на пандемијата се заразиле 19.002.651 лица со корона вирусот, починале 711.679 лица, а 12.198.856 се сметаат за излечени, пренесува Танјуг.

Првиот милион е забележан на 2 април, што значи дека потребни биле најмалку два месеци за да се достигне тој број.

Денес, бројот на заразени лица се зголеми за еден милион за четири дена – 18 милиони се регистрирани на 2 август, 17 милиони на 29 јули.

Најголем број заболени и смртни случаи од корона вирусот се уште има во САД, каде се регистрирани повеќе од 4,9 милиони случаи и 161.608 жртви. Следува Бразил со 2,8 милиони заразени и 97.418 мртви. Повеќе од еден милион заразени, поточно повеќе од 1,9 милиони, има уште Индија. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ