недела, декември 22, 2024
домаКујнаПожарот во Железара од запалено отпадно железо сѐ уште се гасне

Пожарот во Железара од запалено отпадно железо сѐ уште се гасне

Пожарникарските екипи на Град Скопје сѐ уште го гаснат пожарот во фабриката „Железара“, кој избил доцна синоќа, кога се запалило отпадното старо железо. Од Противпожарната бригада на Скопје, велат дека пријавата за пожарот во „Железара“ ја добиле вчера во 23.30 часот и дека горело суровинско отпадно железо од „Челичарница“, кое вработените го подготвувале да го стават во печките на топење.

Противпожарната бригада интервенирала со осум возила, но помош побарале и од ЈП„Водовод и Канализација“ и од ЈП„Комунална Хигиена“, бидејќи имала потреба од дополнителни количини вода.

Проценка на штетата и причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат. Граѓаните синоќа на социјалните мрежи реагираа дека целиот град е прекриен во густ чад од кој не се дише.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ