среда, мај 22, 2024
домаКујнаПознати сите детали за 17-тиот ОФФест!

Познати сите детали за 17-тиот ОФФест!

Позната е комплетната програма на ОФФест 2018 и цените на билетите.
Ова 17то издание на ОФФест од 31 мај до 5 јуни ќе го обојат звуците на уметници од Конго, САД, Италија, Тунис, Турција, Индија, Мали…

Така ќе уживаме во музиката на Jupiter & Okwess (Конго), Fighting Windmills (Македонија), Dirtmusic(САД/Авс/Турција), Officina Zoé (Италија), Ifriqiyya Électrique (Тунис), Gaye Su Akyol (Турција),  DJ Mukambo (Белгија), Barmer Boys (Индија), Trans-Aeolian Transmission (Франција/Италија) и Oumou Sangare (Мали).

Од денес (4 мај) започнува продажбата на билетите за ОФФест 2018.
За отворањето на фестивалот на 31 мај во МКЦ Денсинг салата од 21:00
часот со JUPITER & OKWESS, цената на билетите е 500 денари.
Иста е цената и за концертот на 1 јуни кога во МКЦ Денсинг салата од 21:00
часот настапуваат FIGHTING WINDMILLS / DIRTMUSIC.

На 2 јуни во  МКЦ Кино Фросина Денсинг сала од 20:00 часот настапуваат
OFFICINA ZOÉ / IFRIQIYYA ELECTRIQUE / GAYE SU AKYOL, билетите се 500 денари, а за полноќниот настап во Клуб Епицентар на DJ MUKAMBO Afro-Grooves – 200 денари.

Билетите за BARMER BOYS / TRANS-AEOLIAN TRANSMISSION на 3 јуни во МКЦ Кино Фросина од 20:00 часот се 500 ден.

За концертот на OUMOU SANGARÉ на 5 јуни во МОБ од 20:30 часот, билетите се по цена од 1200 ден. галерија и 1500 ден. партер.

Комплет билети за фестивалот чинат 1500 денари, но билетот за концертот на Oumou Sangaré не влегува во комплетот. Билетите се во продажба во Југотон Рекордс, МОБ, МКЦ и онлајн на www.mktickets.mk.
Повеќе информации на: www.offest.com.mk/tickets.html

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ